Калкулаторот можете да го преземете тука.
Упатство за користење на калкулаторот:
Упатство за користење на калкулаторот:
- Под мајчин јазик се подразбираат Македонски јазик, Албански јазик или Турски јазик.
- Под странски јазик се подразбираат Англиски јазик, Германски јазик, Француски јазик или Руски јазик.
- Предметите кои се од значење за насоката/струката користете ги од дадената табела (во документот).
- Како валидни оцени се сметаат броевите од 1 до 5.
- Општиот успех може се запишува до 2 децимали.
- Поените од поведение се оценуваат: примерно поведение со 5 поени, добро поведение со 3 поени, незадоволително поведение со 0 поени.
- За освоени повеќе дипломи, се вреднува само онаа која носи најмногу поени и тоа од: меѓународен натпревар 5 поени, I место на државен натпревар 3 поени, II место на државен натпревар 2 поени и III место на државен натпревар 1 поен.