За гимназиското образование
Гимназиите во Република Македонија отсекогаш имале многу значајна улога во подготвувањето на младите за продолжување на школувањето и оспособување стручни и научни кадри во многу подрачја. Нивниот придонес има големо значење за развојот на нашата земја.
Во Република Македонија гимназиското образование се организира во 42 јавни средни училишта од кои во 34 наставата се реализира на македонски наставен јазик, а во 8 училишта на албански наставен јазик и на македонски наставен јазик. Во две училишта има гимназиски паралелки на турски наставен јазик.
Од 42-те средни училишта, како гимназии се организирани само 16 училишта (11 на македонски наставен јазик и 5 на албански наставен јазик), а останатите се средни стручни училишта во кои се формирани гимназиски паралелки.
Освен постојните јавни гимназии, во Република Македонија гимназико образование се остварува и во 3 приватни гимназии на: македонски, албански, турски и англиски наставен јазик.
Реформираното гимназиско образование се темели врз следните принципи:
-демократичност.- -изборнбост и замоодговорност.
-стручност и автономност.
-индивидуализација и диференцијација, висок квалитет, интегративност и мултидисциплинарност.
-проодност.
Наставнот план и програмите на гимназиското образование имаат општообразовен карактер и се надоврзуваат на знаењата и вештините кои ги усвоиле учениците во основното училиште. Гимназиското образование трае четири години, така што школувањето на учениците се заокружува со полагање на државна или училишна матура. Наставниот план за гимназиско образование е обликуван со задолжителни предмети и изборни предмети, задолжителни изборни програми и содржини за спорт, спортски активности, музичка уметност, ликовна уметност и задолжителни изборни содржини и активности.
-стручност и автономност.
-индивидуализација и диференцијација, висок квалитет, интегративност и мултидисциплинарност.
-проодност.